Со цел позитивно да се одговори на повисоките стандарди на домашниот и странскиот пазар, од Мај 2003 година започна со работа и везачкото одделение при оваа фирма.
Везачкото одделение располага со 2 машини за везење TAJIMA со по 12 глави за везење по 12 бои (игли), везно поле од 50cm х 45cm и 68cm x 30cm и со брзина на везење од 1.000 убоди во минута.
Везењето најчесто е на искроени или неискроени парчиња, но тоа не ја исклучува можноста за везење и на неискроени платна или готов конфекциски производ, бидејќи овие машини тоа го овозможуваат.
Конфекција Алекс има сопствено припремно одделение кое располага со модерна компјутерска опрема и технологија, па затоа оваа компанија е една од ретките кои можат да изготват вез од цртеж, односно од идеја па до готов производ без додатни уреди или дополнителни услуги од други фирми.